Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Exclusive.
Операциите никогаш не се само рутинска работа. Тоа што се случило за време на хируршка интервенција во Јапонија ги запрепасти сите. Универзитетската болница во Токио утврдила дека гасовите кои ги испуштил пациентот за време на операција предизвикале пожар. Иако инцидентот се случил во април од болницата дури сега излегоа со конкретен извештај.
„Ласерот ги запали гасовите кои излегоа од цревата на пациентот. Огнот ја зафати платнената прекривка врз пациентот и тоа предизвика изгореници на ногата на пациентот“, стои во медицинскиот извештеј од Универзитетската болница во Токио.