Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Максим.

-Драга Рената, како вистински џентлмен најпрвин би сакал да ти се претставам. Јас всушност сум Бред Пит, иако тоа звучи чудно и нереално. Ги гледав твоите фотографии и ѕидот на Фејсбук цела ноќ, а тоа ми беше доволно да сфатам дека ти си жената од моите соништа, која всушност сега е реалност. Никогаш во животот не сум видел ваква перфекција, убавина и елеганција. Имама предлог за тебе – ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ! Чекам одговор. Искрено твој Бред. Ти праќам љубов…“ стои во пораката која пејачката ја добила.
„Види, види, не верувам дека Анџелина ќе се согласи со ова. Види го ти Бред“, бил коментарот на Рената која ја споделила оваа порака на својот фејсбук профил, а под која следеа честитки и коментари од виртуелните пријатели на пејачката.