Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Репортер.
Старлетата и учесничка во реалното шоу Маја Маринковиќ со естетска хирургија го смени личниот опис, а сега вгради силикон во задникот.
Маја Маринковиќ замина на операција на задникот, која ја најави пред месеци. До болницата ја придружуваше Таки, кој беше голем противник на оваа операција.
По интервенцијата, Маја се огласи на својот Инстаграм профил и изјави дека немала страв.
– Да ве поздравам. Знам дека го чекавте овој момент да ве контактирам и да ве известам како помина операцијата. Се е во најдобар ред и голема благодарност до моите вистински пријатели и луѓе кои ме сакаат и поддржуваат и кои се грижат за мене – изјавила стерлетата.
За потсетување, Маја неодамна откри дека за оваа операција издвоила 4.500 евра.Таа се прослави по скандалите што ги предизвика во реалното шоу „Задруга“. Моментално живее сама, додека детството го поминала во стан во Белград со нејзиниот татко Радомир Таки Маринковиќ.