Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Водителката одлучи да го посети Охрид.
Лила Филиповска летово никако да се насити од капење и сончање. После огромниот број викенди минати на море кај нашиот јужен сосед, водителката одлучи да одвои време и за македонскиот бисер – Охрид.
Во кусо црвено фустанче, жешка како и секогаш, таа ги презема работите во свои раце, па во петокот попладне (04.07) управуваше со автомобилот во кој возеше тројца мажи накај Охрид. Меѓу нив го забележавме нејзиниот добар пријател водителот Дамјан Дренковски, како и пејачот Мартин Србиновски.
Способната Лила откако без проблем ја искачи Стража одлучи да се награди со мала пауза и доза свеж воздух пред да го продолжи патот кон Охридското Езеро.
Секоја чест за жената возач!
ФОТО: Верче Димковска