Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.
Секоја позната личност на светската естрада ја следат некакви контроверзни теории на заговор за нивниот идентитет, нивната дејност и нивните врски со останатите луѓе. Интеренсо е што славните личности воопшто не се вознемируваат од овие заговори.
1.Курт Кобејн не се самоубил, убиен е. Како еден од потенцијалните убијци се посочува и неговата сопруга, Кортни Лав.
2.Мајкл Џексон и сестра му Ла Тоја биле иста личност. Оваа теорија опстојуваше бидејќи тие двајца никогаш не беа видени заедно во иста просторија, се до судењето на Џексон за сексуално злоставување на малолетници, каде таа дојде како поддршка на кралот на попот.
3.Бијонсе не и е сестра на Соланж, туку мајка. Постојат шпекулации дека Бијонсе забремениле како тинејџерка во 1986 година, а потоа нејзините родители ја одгледале Соланж како свое дете.
4.Николас Кејџ е вампир. Теорија која започна од една фотографија од 1870 година на некој маж од Тенеси кој премногу наликувал на Кејџ.
5.Бритни Спирс соработувала со Џорџ Буш. Се верува дека во 2007 таа го одглумила својот нервен слом со цел да ја девокусира јавноста од валканите работи на претседателот и политиките кои тој ги спроведувал.
6.Тупак Шакур ја лажирал сопствената смрт. На ова размислување наведува фактот дека Тупак има повеќе нови песни по смртта отколку повеќето живи пејачи.
7.Боб Марли е убиен од ЦИА. Се верува дека агенти од ЦИА го убиле Марли со чизми, во кои имало скриена жица со отров наместена така да го забоде во палецот на ногата. На истиот палец вештаците нашле многу канцерогени честици.
8.Лејди Гага е маж. На еден нејзин концерт таа седела на мотоцикл, а кога станувала од него, од под краткото здолниште и ѕирнал некаков изданок. Нејзините агенти демантираа дека таа има пенис, но Гага изјави дека и се допаѓа тоа што фановите мислат дека е маж.
9.Чарлс не му е татко на принцот Хари. Се верува дека хари е плод на афера помеѓу принцезата Дајана и војникот Џејмс Хуит. Исто така, Чарлс нема црвенокоси роднини и претци.