Крах на актерот паразит: Дали Џони Деп е како вирус кој уништува

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Идивиди.

Филмовите не му успеваат, а тој е преплатен. Дали неговите огромни хонорари од една страна и неуспехот на боксофисот од друга страна го уништуваат Холивуд.



Џони Деп не се изнаработи баш многу во неговиот последен филм „Transcendence“. Ликот кој го игра, научник специјализиран за истражување на вештачка интелегенција, го убиваат уште на почетокот на филмот и тој останува да се појавува само во дигитален формат. За таа „мака“ тој собра 20 милиони долари, а по договорот требал да добие и 15 отсто од профитот, но филмот поминува катастрофално, па очигледно дека нема да има ништо од тоа. Дваесет милиони само за Деп, убава цифра, особено ако се земе во предвид дека шефовите на компанијата Alcon им се заканува губење, по нивна проценка, 30 до 35 милиони долари, а независни извори велат дека таа бројка може да се искачи и на 50 до 55 милиони.



Неуспехот на „Transcendence“ создаде лавини на гнев кон холивудските актери, кои земаат преголеми хонорари, а за возврат даваат многу малку. Тие се прославуваат во филмовите, за тоа се одлично платени и потоа заработуваат уште толку на реклами. Делумно поради нив во Холивуд се помалку има филмови, бидејќи тие неколку блокбастери ангажираат толку многу средства, да многу малку средства останува за продукциите од среден и мал буџет, кои знаат убаво да изненадат.

Не сите актери се паразите кои само ја материјализираар својата харизма. Бред Пит, Леонардо ДиКаприо и Марк Волберг основаа сопствени продукциски компании, рескираат со проектите, намерно си ги намалуваат своите хонорари и се задоволуваат со распределување на средствата. ДиКаприо бараше само 10 милиони долари фиксна плата за „Волкот од Волстрит“, но бидејќи филмот стана мегахит, па калкулацијата со уделот во профитот и тоа како му се исплатеше.

Деп не прави ништо од тоа. Понекогаш по нешто продуцира, многу ретко во филмови во кои не настапува (Hugo на Мартин Скорсезе е еден добар исклучок). Од Disney извлече рекордни 55 милиони долари пред да се согласи на улогата во 4-то продолжение на „Пиратите од Карибите“. Сепак од Disney не се жалеа премногу бидејќи и двата филмови им донесоа импресивна добивна, делумно благодарение на нивното име на шпицата. Со Анџелина Џоли се погоди за еднаков хонорар во филмот „Турист“ од кој зграбија вкупно 40 милиони долари, што изнесуваше скоро половина од буџетот, меѓутоа акциониот трилер заработи дваипол пати повеќе од она колку што чинеше. Сепак не смееме да го заборавиме на минатогодишен неуспех со филмот „Осамениот ренџер“, кој доживеа огромен дебакл.

Инаку освен „Transcendence“, филмот, чие снимање чинeшe 100 милиони долари, е уште еден од низата лоши филмови како што се „Дневникот на румот“, „Темни сенки“ и веќе споменатиот „Осамениот ренџер“.

Кариерата сепак не му е во криза

Значи ли тоа дека кариерата му е во криза? Не мора да значи. Следниот февруари ќе го гледаме во трилерот „Mortdecai“, но тоа е трилер со среден буџет, а го режира познатиот сценарист Дејвид Коер. Сепак, славата најверојатно ќе му ја вратат продолжетоците на „Алиса во земјата на чудата“ и „Пиратите од Карибите“, но преговорите за поголем хонорар ќе бидат потешки.



Деп е како вирусот од филмот „Transcendence“, кој се заканува дека го уништи наизглед совршениот систем кој се вика Холивуд. Многумина предупредуваат дека на тој систем му се гледа крајот поради нерационално насобраните трошоци, а доколку пропадне, Деп можеби ќе биде задоволен што помогнал во неговото уништување.

4 мај 2014 - 07:14