Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Убавина и здравје.
Хана Икодиновиќ, ќерка на пејачката Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, започна ново животно поглавје како студентка во Мадрид. Иако преселбата донесе возбуда, таа мораше веднаш да се соочи и со секојдневни задачи кои порано не ги правела самостојно.
Наташа Беквалац неодамна емотивно ја испрати својата ќерка на студии во Шпанија, а за тоа зборуваше и пред јавноста. Преку видео-повик, таа сними момент во кој Хана сама пере и пегла облека – нешто што досега нејзината мајка го правела за неа.
Ииии успеа сама да ја испере и испегла првата тура алишта“, со гордост напиша Беквалац на социјалните мрежи, споделувајќи го моментот со своите следбеници.
Хана студира на престижен универзитет во Мадрид, каде што годишната школарина изнесува 15.000 евра. Според блиски извори, младата студентка добро се снаоѓа, а мајка ѝ внимателно го следи секој нејзин чекор.