Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Убавина и здравје.

Денес е Свети Никола, ден кога пола Македонија слави слава, а другата половина оди на слава. Поради сето тоа, важно е да знаете како и на кој начин правилно се честита слава.
Што треба да прави домаќинот додека му доаѓаат гостите на слава?
Правило е домаќинот да ги пречека гостите пред врата или на прагот од домот со зборовите „Добре дојдовте“, а гостинот треба да честита слава на овој начин:
„Честит Свети Никола и среќна слава, домаќине! Нека Бог ви даде здравје и среќа на тебе и твоето семејство!“
Домаќинот одговара со:
„Ви благодарам и добре ни дојдовте! И вам Бог и Свети Никола нека ви помогнат уште многу години да доаѓате и да славиме, во добро здравје и расположение!“
Како што доаѓаат гостите на слава, прво се послужуваат со славско жито и пивнуваат голтка осветено вино. Најпрво се прекрстуваат, посакуваат добро здравје во куќата каде што дошле, а потоа, гостите седнуваат на маса според староста.