Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот За сè.
Стручните лица предупредуваат дека вагината може да навлезе во болна состојба кога има недостаток од секс во животот.
Се работи за вагинална атрофија или сувост на половиот орган – многу често нарушување кое се појавува во некој период од животот кај многу жени. Симптомите вклучуваат пецкање, чешање, потешкотии со мокрењето, болен секс и појава на исцедок.
Сепак постои решение и кога немате мажи покрај вас – мастурбација. Стручните лица нагласуваат како редовните оргазми може да бидат спасоносни и ја одржуваат вагината здрава.
„Шансите тогаш се многу помали дека вагиналното ткиво ќе стане воспалено, тенко или суво“, тврди сексуалната терапевтка Д-р Луиз Мазанти од Лондон.
Таа додава дека сексот, со партнер или без него, го подобрува протокот на крвта во интимниот регион, што значи дека повеќе кислород стига до вагината, а тоа го зајакнува нејзиното ткиво.
Освен тоа што добриот секс е корисен за здравјето на вагината, тој исто така делува благотворно и на менталното здравје на жената – го намалува ризикот од развој на депресија и го зголемува чувството на привлечност кон спротивниот пол.
Д-р Мазанти вели дека често пати слуша како луѓето зборуваат дека немаат никаков сексуален живот бидејќи немаат партнер, па затоа таа им советува да водат љубов сами со себе.
Од помош може да биде дури и масажа на вагината.
Оваа британска докторка за секс напоменува дека масажата на вагината е многу корисна и не би било лошо да се вметне во секојдневните животни ритуали. Како за време на сексот или мастурбацијата, така и со масажата се подобрува циркулацијата и доводот на кислород.
Според неа, секс треба да се има најмалку еднаш неделно.
Студијата на истражувачите од еден американски универзитет покажа дека ако водите љубов со партнерот или сами со себе барем еднаш неделно, ќе го забавите стареењето, ќе го продолжите животниот век и целокупното здравје.