КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДЕКА СТЕ ЗАПОЗНАЛЕ НЕКОГО ВО ПРЕТХОДНИОТ ЖИВОТ?

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот A1.

Повеќето луѓе веруваат дека живееле многу животи на Земјата и дека со некои личности се имаат среќавано и порано, во некои претходни животи.

Како да препознаете дали некои луѓе ги имате запознаено во претходниот живот?

1. Чувствувате дека веднаш се поврзувате со некого или „ви се гади" од некоја личност.

Кога помислуваме на луѓето од претходните животи, често мислиме на нашите пријатели, роднини, па дури и на луѓето коишто сме ги сакале. Често, кога ќе сретнете некого со кого се познавате од претходниот живот, чувствувате силна поврзаност на прв поглед.

Но, што е со луѓето коишто не ви се допаѓале? – Понекогаш чувствувате одбивност на прв поглед. Во друг случај, тоа е знак дека некогаш сте се познавале.

2. Вашата поврзаност е на телепатско ниво.

Ова не значи дека ментално си праќате пораки еден на друг. Тоа повеќе личи дека нивните уши горат додека зборувате за нив.

Може да мислите на некого, а момент подоцна да добиете порака од истата личност или да почувствувате што ќе ви каже. Оваа поврзаност тешко се објаснува и тешко се раскинува.

3. Се гледа во очите!

Дали некогаш се имате загледано во нечии очи и сте останале вчудоневидени? Дали имате почувствувано како веќе да сте се нурнале во тие очи милион пати? Ако нивните очи ви делуваат познато, можеби тоа е затоа што сте ги виделе во претходниот живот.

Обрнете внимание ако доживеете такво нешто. Некои луѓе веруваат дека очите не се менуваат при повторното раѓање, бидејќи тие нѝ дозволуваат за да нѐ препознаат нашите духовни пријатели од претходните животи.

 

18 март 2016 - 15:07