Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Ова сигурно е најневеројатниот љубовен однос за кој некогаш сте чуле.
Поранешниот министер за сообраќај на Србија Милутин Мркоњиќ – Мрка помина вечер во ресторан со својата, се уште законска жена Драгана Мркоњиќ, иако е во врска со пејачката Ана Бекута. Мрка тврди дека Ана е известена и дека не се лути.
Милутни вечерал со Драгана во еден белградски ресторан, а кога излегувале се правеле дека не се познаваат. Сепак на крајот двајцата сфатиле дека е бесцелно да се прават дека не се знаат, па влегле во еден автомобил и заминале.
Бев на вечера со сопругата. Не разбирам што е проблемот. Моја сопруга и понатаму е Драгана Даша Мркоњиќ. Немам друга, а Ана Бекута знае дека вчера бев со сопругата на вечера и нема проблеми, изјави Мрка за српските медиуми.
Познато е дека поранешниот министер изјави дека никогаш нема да се разведе, а неговата сопруга е запознаена со неговите „швалерски“ способности.