Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кафе пауза.
Погледнете ја сликата и изберете еден од овие три ангели. Оној што ќе го изберете ја носи пораката што треба да ја слушнете во оваа фаза од вашиот живот.
1. Сигурно често си поставувате прашања како: „Кога ќе ги видам резултатите од мојата работа?“, Кога ќе имам повеќе разбирање за она што го сакам од мојот живот?“, „Што треба да направам во оваа фаза од мојот живот?“
Сè што треба да се случи ќе се случи! Не очајувајте.
Сега треба само да се вооружите со љубов, волја, храброст и, пред сè, да верувате во себе и во својот живот.
На крајот, сè ќе биде добро, а ако видите дека нешто сè уште не е на своето место, тоа е само затоа што неговото време сè уште не е дојдено.
Продолжете да верувате и ќе видите дека животот ќе ви се насмее! Сè ќе биде во ред.
2. Имате планови и проекти што секогаш ги оставате настрана бидејќи постојано мислите дека сега не е време.
Може да најдувате изговори како: „Не сум подготвен“, „Немам пари“, „Сега не е време“, „Многу сум зафатен“, но затоа губите денови, месеци и години и на крајот не правите ништо.
Вашиот ангел сака да ве потсети дека сега е време!
Никогаш не е доцна да се изградат и да се направат нови животни планови.
Младоста е состојба на духот, затоа треба да бидете храбри и да си дадете можност да ги остварите сите ваши соништа.
3. Животот е училиште. Постојано ве тестира затоа што сака да ги научите сите лекции што треба да ги знаете за успешна иднина.
Секоја од ситуациите во вашиот живот ви нуди единствена и најдобра цел.
Време е да не се сомневате и да продолжите да го правите она што го правите. Не треба да се откажувате.
Продолжете и верувајте, бидејќи најдоброто допрва доаѓа.