Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Плус Инфо.
Неверојатно породување се случило во селото Оенунто , Индонезија, а бабицата која била сведок на овој чин тврди дека отишла да и помогне на жената која немала време да отиде во болница.
Деби Нубатос (31) по осум месеци бременост родила гуштер, а Индонезијците ангажирале цел тим на стручњаци кои се обидуваат да ја решат оваа мистерија, пренесуваат светските медиуми.Научниците сметаат дека е бесмислено жена да роди гуштер и изјавиле дека треба да се најде логично објаснување за овој несекојдневен и по малку бизарен случај.
Откако се случило породувањето, локалните жители вербално ја напаѓаат Деби и нејзиното семејство, а ги обвинуваат и за занимавањето со вештерство, што предизвикало големи дискусии и жестоки кавги на социјалните мрежи.
- Апсолутно е бесмислено да се мисли дека жена родила гуштер. Никогаш не се случило едно човечко суштетсво да роди некој друг вид . Тоа едноставно не се случува - изјавил докторот Месе Атаупа, шеф на болницата во Купанга.
Тој изјавил дека разговарале со локалните жители кои потврдиле дека жената имала симптоми на бременост.
- Сметаме дека тоа била фантомска бременост која ги подразбира сите симптоми на таа состојба, но бебето не било во стомакот. Се родило нешто друго па мислеле дека станува збор за некаков исцедок кој дошол до гуштерот па поради тоа помислиле дека жената го родила - додал Атаупа и истакнал дека многу мал број на жени биле со ваква бременост.
Меѓутоа бабицата Џозефина Лидија Хелен Ваду инсистирала на тоа гуштерот да се однесе на испитување во локалниот Дом за здравје каде ќе бара потрвда дека го родиле Деби Нубатос.