Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вечер Прес.
Во народот постои верување дека некои имиња на свој начин ја одредуваат судбината на штотуку роденото дете. Некои народи ги делат имињата на тие што светат и кои носат повеќе успех во живототза разлика од некои други. Неодамна во Велика Британија беше објавена листа на „имиња кои предодредуваат да станете милионер“.
Најпопуларни имиња за милионери за момчиња се:Бил, Вилијам, Аманчо, Ворен,Карлос, Мајкл, Чарлс,а на списокот на имиња за девојчиња се: Лорин,Жаклин, Лилијан (Лилjана), Алиса, Кристи, Салма, Ина, Елена, Ирис, Сузан.
Веќе се прогласени најмодерните имиња за бебиња во 2021 година. Евидентно е дека германските, француските и англиските популарни имиња стануваат сè пократки! Така е и кај нас. Ова главно може да се објасни со желбата на родителите да им овозможат на своите деца лесно да го менуваат своето место и земјата на живеење во иднина, бидејќи колку е пократко името, велат експертите, толку полесно е да се научи и запомни, и поприфатливо е во мултирелигиозните заедници. Па така, во Германијапопуларни се: Хана, Миа, Ема, Ела, Лина, Фрида, Марија, Мила, Леа, a за момчиња:Метју, Ноа, Пауло, Емил, Хенри, Леон, Тео. Во Италија популарни се: Софија, Јулија, Аурора, Алиса, Ема, Грета, Беатрис и Ана. За момчиња:Леонардо, Франческо, Алесандро, Лоренцо, Матијас, Андреа, Габриеле, Рикардо.
Во Франција родителите на девојчињата најмногу сакаат да ги крстат како:Мари, Натали, Изабел, Силви, Кетрин, Франсоаз, Моник, Мартин, Никол, а на машките: Жан, Мишел, Филип, Пјер, Ален, Никола, Кристоф, Даниел.