И старлетите ни заминуваат – Кате од Зелениково која ќе снимаше со Монро, и рече чао на Македонија!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Либертас.

Најпознатата македонска старлета Катерина Стојановска ја напуштила Македонија. На нејзиниот Фејсбук профил објавила фотографија на која е со спакувани куфери на автобуска. До фотографијата пишува „Чао Македонијо“.

kate starleta
kate starleta

Нејзини пријатели за Либертас откриваат дека таа подолго време размислувала среќата да си ја бара надовор од државата оти сметала дека „професијата“ старлета во оваа конзервативна средина не се цени, туку е за потсмев.

Либертас и посакува желбата да и се оствари и да се реализира во земја каде што шоу бизнисот се цени и е профитабилен.

25 февруари 2014 - 13:07