Познатата актерка со турско потекло Мерјем Узерли (31), која стана глобално позната по улогата на Хурем Султан во познатата серија „Сулејман Величенствениот“, постојано ги изненадува своите фанови и обожаватели на социјалните мрежи со необични фотографии.
Освен тоа што објавва фотографии од нејзината едногодишна ќерка Лара, убавата Мерјем објави фотографија на која таа позира со група војници, а всушност станува збор за сцена од филм кој таа го снимила пред неколку години во Германија, во кој таа играла споредна улога.
Узерли која беше позната по раскошните фустани и креации на султанка во серијата ,на оваа фотографија е снимена во секојдневно изданиесо карирана марама која во муслиманските земји е симбол за отпор и независност.
- Пред неколку години додека снимав филм. Дали ме препознавате – напишала актерката под фотографијата.
Инаку таа за време на снимањето на „Сулекман Величенствениот“ започна врска со турскиот бизнисмен Џан Атеш со кој ја доби ќерката Лара, но двојката се раздели додека Мерјем беше бремена и целата бременост и породувањето ги помина во Германија каде што живее и денес.