Еве зошто сите зборуваат за ова издание на Славјанка Петровска – МИНИСТЕРКАТА во фустанче со кое ги воодушеви жените!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Гламур.

Нијанса и крој што одлично стојат на секоја жена…

Министерката Славјанка Петровска на самитот на НАТО во Шпанија со изборот на својот фустан многумина воодушеви.

Нејзиното модно издание овој пат дефинитивно не можеше да помине незабележано, па многу жени на социјалните мрежи коментираа дека изгледа прекрасно.

Во прашање е елегантен фустан кој е совршен избор за свечени пригоди и настани од ваков тип, а она што е најдобро што ваквиот крој и стои убаво на секоја жена и може да ги покрие сите „недостатоци“.

Министерката целото издание го зачини со голема чанта и елегантни високи потпетици кои исто така во слична сина нијанса, а со самиот избор Славјанка уште еднаш покажа дека е вистински гуру кога се боите во прашање што можете да го видите и од следните нејзини фотографии.

Имено таа често експериментира со боите и со начинот на кој ги носи, и можеме да забележиме дека никогаш не греши.

Нејзиниот стил се движи од опуштени и кежуал елементи, до елегантни и дамски, а некои од нејзините најинтересни изданија погледнете во продолжение…

На крајот од галеријата погледнете уште едно од нејзините најдобри изданија со кои што се преставила во јавноста…

Па, дали ви се допаѓа стилот на министерката?

 

29 јули 2022 - 18:26