Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Градина.
Костените се насекаде околу нас во есен. Малку луѓе знаат дека костените можат да влијаат на енергетските вибрации, надополнување и релаксирачки човечки организам. Тие ни помагаат и да имаме подобар и здрав сон.
Во многу култури дрвото костен се смета за магично. Лисјата личат на човечката дланка и тоа секогаш е поврзано со мистериозното и магичното. Се смета дека кој ќе заспие под костен, ќе има пророчки соништа.
Во минатото вавилонските исцелители ги терале болните 3 ноќи да спијат под процветан костен и дури потоа започнувале да ги извршуваат своите магии за исцелување.
Се смета дека грст костени во џеб може да го намали штетното влијание на мобилните телефони и другите безжични уреди до 40%. Ова се должи на фактот дека костените ги филтрираат штетните електромагнетни зрачења. Тоа се забележува насекаде: од микробранова, во фрижидерот и фенот, до сите електрични апарати во домот."
Во народната медицина дивите костени се користат кај ревматоиден артритис и ишијас. За мирен сон може да поставите 5-6 костени под перницата. Костените емитуваат неповторлива енергија, која има позитивен ефект врз зглобовите, тетивите, мускулите и нервниот систем. Според народната медицина костен поставен во непосредна близина на главата е универзална пилула против главоболка.
Костените за разлика од други ореви и семиња се релативно нискокалорични, имаат помалку масти, но се богати извори на минерали, витамини и фитонутритиенти кои носат исклучителна корист за здравјето.
Друга уникатна карактеристика на костените е дека тие содржат големо количество скроб. Повеќето ореви имаат високи содржини на протеини, масти и калории. По својот хранлив состав костените можат да се споредуваат со компири, пченка и некои житни култури, богати со витамини и минерали.
Костените се извор на диетални влакна. Влакната го намалуваат нивото на холестеролот во крвта и ја ограничуваат апсорбцијата на вишокот холестерол во цревата.
Костените се богати со витамин Ц (43 мг. витамин Ц на 100 гр. костени). Витаминот Ц е силен антиоксиданс кој го штити организмот од штетните слободни радикали.
Костените се богат извор на моно-незаситени масни киселини како олеинската киселина и палмитолеиновата киселина. Мононезаситените масти го намалуваат нивото на лошиот холестерол и го зголемуваат нивото на добриот холестерол.
Костените се одличен извор на минерали како што се железо, калциум, магнезиум, манган, калиум, цинк и фосфор. Магнезиумот и фосфорот се важни компоненти на коскениот метаболизам. Железото помага при анемија, калиумот го намалува високиот крвен притисок, а натриумот го нормализира срцевиот ритам.
Костените се богати со витамини од групата Б. Во нив се содржат големи количини ниацин, пиридоксин (витамин Б6), тиамин и рибофлавин.
Костените слично на лешниците и бадемите не содржат глутен. Поради тоа се една од најпопуларните состојки за подготвување на храна без глутен за луѓе кои се алергични на него.