Дознајте дали ве изневерува: Ако ги прави овие работи за време на сексот, тогаш сѐ треба да ви биде јасно

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Убавина и здравје.

Мажите многу добро знаат како да ги скријат нивните афери

Иако многу жени би рекле дека мажите се комплицирани и дека тешко можат да ги прочитаат, тоа всушност и не е баш така. Потребно е само да умеете да ги препознаете знаците што најчесто несвесно ги испраќаат. Ова се показателите на кои треба да обрнете внимание доколку се сомневате дека партнерот ве изневерува.

Вовел сосема нови движења и пози во сексот што никогаш претходно не ги правел

Кога го прашувате на што се должи таа промена, не знае што да ви каже или тврди дека гледал нови порно филмови, бидејќи токму тие движења ги научил во туѓ кревет.

Одбира пози во кои не мора да ве гледа во очи и да ве бакнува во уста

Кога сепак „мора“ да ве погледне во лице, очите му се затворени или гледа некаде зад вас, бидејќи фантазира за друга или има грижа на совест.

Ја променил интимната фризура

Можеби се обидува да го задоволи вкусот на друга жена.

Имате премногу секс или речиси воопшто немате

Трето нема. Во првиот случај тоа е поради чувството на вина што го има, па се обидува некако да надомести.

Одеднаш инсистира да промените нешто

На пример, ви предложува да ја бојосате косата во сосема поинаква боја или да ја промените интимната фризура.

Сексот трае многу подолго од кога било претходно

Веројатно ова е последица од тоа што не го привлекувате повеќе и што има секс со некоја друга.

23 септември 2018 - 09:02