Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Think.
Религијата на растенијата и дрвата во минатото била мошне развиеан. Многу нешто оттогаш останало и денес. Погледнете ги десетте свети растенија и какво значење имаат:
Багрем (Robinia pseudacacia L. – Papilionaceae)
Багремот не е добро дрво и затоа не треба да биде во близина на куќата. Порано го викале нерод (без род),а калемењето на багремот се смета за сквернавење.
Бор (Pinus silvestris L. – Pinaceae)
Борот е изразито дрво за сенка ако сам изникне на гроб или во негова близина. Ако бпорот е намерно засаден на некое значајно место или ако го засадила некоја значајна личност (крал) тогаш станува важен и тука се собира народ и станува култно место.
Бреза (Betula L., B. verrucosa Ehrh. (B. pendula Roth), B. pubescens – Betulaceae)
Од неговите гранки се правеле метли. Брезата е проклето дрво бидејќи Спасителот го шибале со гранки од бреза. Од сувата кора на брезата се прават вистински факели кои се палат на Иванден или на Петровден. Од дебело дрво на бреза во рана пролет се точи сок кој се пие наместо вода.
Врба (Salix alba L. – Salicaceae)
Врбата во верувањата и во религијата има значајно место. Со гранчиња од врба се удираат деца и возрасни за Младенци, Лазарева сабота и се вели :„Расти како врба“.
Глог (Crataegus oxyacantha L., C. monogyna Jacq., C. nigra W.K., C. pentagyna W.K., C. azarolus – Rosaceae)
Се верувало дека стапот од глог е најмочното сретство против вампири и зли духови-демони. Цветот и плодот на глогот во народната медицина се употребуваат за лечење на срцето.
Дрен (Cornus mas L. – Cornaceae)
Дренот е дрво кое прво цвета во пролет, а последните зрели плодови ги дава во есен. Дренот се поврзува со здравјето и со него се кутат за Ѓурѓовден. На Богојавление на децата им се дава да изедат цвет од дрен за да бидат отпорни и здрави.
Дудинка (Morus nigra L., M. alba L. – Moraceae)
Црната дудунка потекнува од Турција, а белата од Кина. И двата вида имаат лековити својства и хранливи својства. Не е добра за куќата и станарите ако жилите од дудинката се провлечат под куќата зошто цела куќа ќе изумре и ќе опустоши. Огромна дудинка во близина на куќата-куќата одамна опустела.
Јаболко (Pirus malus L. – Rosaceae)
„Босилек се дава за мирис, а јаболко од милост”.
Јаболкото е симбол на пријателството и љубовта кон блиските и честопари се носи за подарок. Пред Петровден не се јаделе јабокла. Јаболко во грлото имаат мажите, а жените немаат. Садење и калемење на разни видови јаболка (благи, миризливи, кисели) значело обврска и чест. Оној што не калемел овошки не смеел ни да ги сече. Јаболкото е составен дел од свадбените и верските обичаи.
Липа (Tilia L. – Tiliaceae)
Липата кај Словените била свето дрво. Липата се сади далеку од куќата (барем 100 метри) и таа со своите мирисни цветови ја освежува околината и им дава на пчелите добар прав, а тие даваат липов мед кој е основна суровина за правење медовина. Јагленот од липа ја пречистува водата, а со него одлично се чистат забите и непцата.
Орев (Juglans regia L. – Juglandaceae)
Кога на свети Илија ќе загрми оревите ќе се наполнат со црви. Оревите се составен дел од украсувањето на масата за Божик и Велигден. Од плодот ситно измелен во минатото се правело масло (10кг ореви за 1 литар масло). Дрвото на оревот не е добро да е засадено во близина на куќата, како поради жилите, така и поради сенката која паѓа врз куќата. Не е добро да се седи под сенката на орев. Оревот и дудунката во двор-сите станари умираат.