Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Пејачката Ивана Богичевиќ, учесник во тековната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, се најде во кафеана во друштво со колегата, фолкерот Дарко Лазиќ.
Колку тие двајца се симпатизираат и се зближиле, покажува и фотографијата на која се гушкаат насмеани, а русокосата пејачка истата ја сподели со опис:
„Колку ја сакам оваа будалетинка!“
Атмосферата во кафеаната достигна кулминација кога се појави и магионичарот со своите трикови, меѓу кои и оној во кој пејачката ги покажа гаќичките.
Имено, магионичарот и го крена фустанот што го носеше за да го изведе својот трик со запалената цигара, па така накратко можеше да се види долната облека на Ивана.
Момент кој и самата Богичевиќ го објави на својот Инстаграм профил.
Колку блиски и опуштени во релациите, може да се види и од фотографијата во кое пејачката го провоцира Дарко дека е само „на вода“, а Лазиќ и возвраќа покажувајчи и го средниот прст!