Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Среќа.
Иако научно не е докажано дека голтаме пајаци додека спиеме, искуствата на читателите на веб страната на “bbc.com” наведуваат на заклучокот дека тоа понекогаш се случува.
“Ако ги голтаме, тогаш не сакам ни да знам”, вели Марџи Вилијамсон, со која се согласуваат голем број на корисници. “Ве молам кажете ми дали е ова мит, или ќе ставам завој преку устата”, напиша Клер Џејс.
Познато е дека овие инсекти сакаат да се вгнездуваат во ушниот канал, а во медицинската литература се забележани и случаи на пајаци кои каснувале луѓе додека спиеле. Студијата за убодите од пајак во Австралија покажува дека секоја трета личност била касната додека спиела.
Читајќи ги коментарите на корисниците и на социјалната мрежа Фејсбук, може да се заклучи дека пајаците сакаат да шетаат по лицето на луѓето додека спијат, а понекогаш и да им влезат во устата.
Доколку ова ве плаши, можеби е време да го цитираме Дејв Кларк, одговорен за безрбетници во Лондонската зоолошка градина.
“Поголемиот дел од предаторите нема да нападнат нешто поголемо од нив самите, затоа што најверојатно би го извлекле подебелиот крај. Пајаците се исклучително чувствителни и на вибрации и на топлина, и поради тоа мала е веројатноста дека можат несвесно да налетаат на човекот. Ние нив едноставно не ги интересираме”, објаснува тој.