БОМБА ОД ВАШИНГТОН: Путин е вонземјанин, не знаеме со кого си имаме работа!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.

Американски политичар предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин е всушност вонземјанин и дека не поседува никакви човечки особини.

img
img

„Веќе извесно време знаеме дека Путин е вонземјанин. Убедени сме дека тоа е единствеото објаснување за неговото чудно однесување и отпор кон интеграцијата на Русија во меѓународната заедница“ - изјавил неименуван политичар, а известува „Журналитико“.

Ова не е прво предупредување од ваков вид. Путин редовно го обвинуваат дека ја крие вистината од светот, иако ова е прв пат еден американски политичар диркетно да го обвини рускиот претседтел дека е вонземјанин.

Исто така, се зборува дека Путин минатата година кога исчезнал на недела дена, всушност бил во контакт со вонземјански суштества.

Постојат малку информации за местото на раѓање на рускиот претседател, но американскиот политичар верува дека постои нешто сомнително. Исто така, тој изјавил дека Путин некаде крие милијарди евра за кои трагаат властите на САД.

„Не успеавме да потврдиме каде се наоѓаат тие 40 милијарди евра“ - вели тој.

Бројни руски либерали и опозиционери веруваат дека оваа приказна е точна.

„Време е за промена на режимот во Русија. Не сакам повеќе да живам под владеењето на новиот Хитлер. Тој нѐ спречува да ѝ се придружиме на западната иднина. Тоа е она што Русите го сакаат од длабочината на душата. Ве повикувам на бојкот на мојата сакана држава за доброто на народот“ - изјавила една активистка на опозицијата.

Американските политичари и досега имале чудни теории за личниот живот на Путин, верувајќи дека е тајно женет со поранешна олимписка гимнастичарка и дека има бар две деца со неа. Исто така, се зборувало дека тој боледува од неколку видови рак, како и дека трага по терапија за неговиот Аспергеров синдром.

„Оваа информација е навистина нешто експлозивно“ - рекол политичарот.

Кога го прашале дали Белата куќа има намера да стапне на родната планета на Путин, политичарот изразил колебање.

„Нема да го коментирам тоа. Ќе речам само дека би морале да бидеме внимателни. Тоа не е исто како бомбардирањето на Ирак или Сирија. Ние всушност немаме поим со што си имаме работа“ - изјавил тој и додал дека Американците се свесни дека е Путин е „лош до срж и дека нештата се полоши отколку што ги замислувале.“

 
3 февруари 2016 - 21:05