Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Бриф.
Бојан Јовановски, познат како Боки 13, понекогаш знае да биде навистина самокритичен, па уште еднаш призна дека не бил воопшто задоволен од својот некогашен изглед, но открил и дека сега со намалените килограми се чувствува многу подобро.
“Порано изгледав како нашминкана мечка, а сега ќе изгледам како Наоми Кембел”, изјавил Боки за една хрватска телевизија.
Шоуменот и водител, кого во последно време го нема многу во јавност, уште рекол дека за времето додека медиумски апстинира работи на својот изглед и дека успеал да го постигне тоа што си го имал зацртано.