Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Црно бело.
Сте имале ли некогаш необично чувство дека некој и некаде можеби зборува, или, пак, размислува за вас?
Многумина доживуваат слични необјасниви моменти, без претерано да се задлабочат зошто е така. Што се крие во позадина?
Станува збор за мистични искуства. Логиката не е од голема полза во овие ситуации, затоа што повеќето од нив се одвиваат на спиритуално и енергетско ниво.
Извесно е дека до одреден степен, сите луѓе имаат можност да спознаат кога друга личност мисли на нив. Варира од човек до човек, а се манифестира на повеќе различни начини.
А, седумте мистериозни знаци дека на некого сте му во мислите се:
1. Кога ќе најдете бел пердув…
На духовно ниво, белите пердуви се потсетник да не ја губите вербата, бидејќи сте поддржани и заштитени. Истовремено, може да претставува знак дека луѓето кои не се веќе со вас се добро.
Па, кога случајно ќе ви се најде на патот, знајте дека белиот пердув е порака од некого што мисли на вас или ве чува. Дури и ако е невозможно да му возвратите, бидете среќни и благодарни што е така.
2. Кога ќе ве обземат неочекувани емоции…
Доколку сте енергетски отворени, тогаш она што другите го мислат за вас може да ви се проектира преку емоциите. Колку е поотворена вашата аура, толку повеќе ќе искусувате емоции од овој тип.
Кога емоциите што ќе ве пресретнат се позитивни, тогаш искуството може да биде неверојатно. Од друга страна, негативните емоции може сериозно да ви го нарушат расположението.
3. Кога ќе насетите на сон…
Aко нивните мисли и енергија се доволно силни, честопати луѓето кои ве мислат се способни да ви влијаат и на соништата. На пример, доколку некој кон кого негувате позитивни емоции, мисли на вас и се прашува како нешто да ви каже, можно е однапред да разберете за тоа. Ќе ви дојде на сон. Универзумот дејствува на мистериозни начини.
4. Кога некој oдненадеж ќе ви дојде на ум…
Ако од нигде никаде си припомните на некого, постои веројатност дека и таа иста личност ве има во главата. Во дадениот миг, вашата поствест е свесна за туѓите мисли. Сѐ во светот е поврзано, па пораките може да патуваат надалеку и нашироко.
5. Кога случајно ве чеша и ви трепери окото…
Понекогаш се случува без причина или поради иритација на очите. Сепак, кога неочекувано ќе доживеете ваква појава, а притоа е пропратена со одредена емоција, тоа може да е уште еден знак дека некој мисли на вас.
Зависно од емоцијата што ви ја поттикнува, ќе осознаете дали мислата била позитивна или негативна. Најчесто е негативна. Можно е да ви „игра“ едното, или, пак, обете очи.
6. Кога имате чудни физички сензации…
Може да се појави во разновидни форми. Меѓу нив е доживувањето како невидлива дланка да ве „допира“ долж грбот, па на некој чуден начин ви предизвикува благопријатно чувство.
Во најголем дел од случаите, ваквите физички сензации се случуваат кога личност што ви е ближна – мисли на вас на позитивен начин.
7. Koга ви жарат и ве пецкаат ушите…
За ова сигурно имате слушнато и порано. Од памтивек се верува дека жарењето и пецкањето на ушите се знак дека некој ве зборува. Понекогаш е навистина така. Потсвеста искусува нешта кои свесниот ум не е во состојба да ги забележи.