Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Think.
Бугарката Баба Ванѓа го "видела светот" до 5079 година - годината за која вели дека ќе се случи крај на светот. Според нејзините пророштва, крајот на светот ќе се случи откако многу луѓе ќе се одлучат да ја преминат границата на универзумот.
е претпоставува дека Баба Ванѓа ја предвидела и смртта на принцезата Дијана, смртта на Хитлер како и неславниот крај на Сталин, нападот на трговскиот центар во Њујорк, распадот на СССР, датумот на смртта на бугарскиот крај Борис III, .како и датумот на сопствената смрт. Според нејзините пророштва ваков е распоредот на случувањата на планетата Земја.
21 век - Америка го напаѓа муслиманскиот Рим
2014 година - Баба Ванѓа предвидела страдање на човештвото, рак на кожата и други болести предизвикани од хемиско оружје.
2016 година - Според неа, Европа ќе биде ненаселена. Земјата во развој ќе се претвори од експлоатација во експоататори.
2023 година - Според неа, орбитата на Земјата ќе се промени.
2025 година - Европа ќе биде уште повеќе ненаселена.
2028 година - Луѓето ќе заминат на Венера, и наскоро ќе најдат нов извор на енергија. За пет години, односно во 2033 година ќе се зголеми светското ниво на океаните, предизвикано од топењето на мразовите на половите.
2043 година - Со Европа ќе завладеат муслиманите.
2046 година - Пазар на човекови органи.
2066 година - За време на нападот врз муслиманскиот Рим, САД први ќе употребат ново климатско оружје, по што ќе следи до нагло заладување. Баба Ванѓа предвидела и враќање на комунизмот - 2076 година.
Таа предвидела и една необична болест која ќе се појави во 2088 година која ќе ја старее популацијата за само неколку секудни. Оваа болест ќе исчезне во 2097 година.
22 век - Живи роботи
2111 година - луѓе ќе станат киборзи - живи роботи
2123 година - малите држави ќе војуваат меѓусебно, големите нема да се мешаат.
Старицата предвидела дека во 2130 година луѓето ќе живеат под вода, а во тоа ќе помогнат вонземјаните.
2164 година - научниците ќе ги претворат животните во пола-луѓе.
2170 година - ќе завладее суша на цела Земја.
2183 година - Човечката колонија на Марс ќе стане нуклеарна сила и ќе бара независност од Земјата
2195 година - луѓето кои живеат под море во целост ќе станат независни, тие сами ќе се обезбедуваат храна и енергија - незавино од копнените луѓе.
23 век - Пат низ времето
2221 година - Ќе се случи нешто страшно. Човештвото ќе биде во потрага по вонземски свет и ќе стапи во контакт со незамисливи и ужасни суштества.
2288 година - Луѓето ќе патуваат низ времето. Глад ќе завладее на Земјата во 2371 година.
38 век - Нема живот на Земјата
3793 година - Животот на планетата Земја ќе згасне и човечкиот рој ќе исчезне.
3803 година - На нова планета ќе пристигнат мал број на луѓе. Таа ќе биде слабо населена а луѓето меѓусебе нема да комуницираат. Ќе се случат бројни мутации.
3805 година - Ќе се случи војна во која половина од населението ќе изумре. Војната ќе заврши во 3815 година.
3871 година - Пророк ќе ја добие целата поддршка од населението. Ќе се формира и нова Црква.
44 век - Ќе исчезне злото и омразата
4308 година - Последиците од мутации - луѓето ќе користат повеќе од 34 отсто од својот мозок. Целосно ќе исчезне злото и омразата.
4509 година - Човекот конечно ќе го запознае Бога. Луѓето ќе комуницираат со Бог.
4599 година - Луѓето ќе станат бесмртни.
51 век - Крај на светот
5076 година - Луѓето ќе ја откријат границата со универзумот и никој нема да знае што е зад границата.
5078 година - Луѓето ќе одлучат да ја преминат границата. Против ваквата одлука ќе биде 40 отсто од населението. Веќе следната година ќе дојде крајот на светот.