Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Република.
Луѓето што претпочитаат горко црно кафе, без шеќер, млеко и други додатоци, постои веројатност да се психопати, посочува ново истражување на Универзитет на Инсбрук во Австрија.
Испитаниците требало да подредат шест намирници во своја ранг-листа, а потоа да минат низ тест за карактерните особини. Така, авторите на експериментот, Кристина Сагиоглу и Тобајас Гритмејер дошле до првичен заклучок дека колку повеќе еден човек ужива во црно кафе, дотолку и самиот е помрачен.
Испитувањето покажа дека лицата кои претпочитаат горчлив вкус, имаат поизразени злонамерни особини… Садистите горчливоста ја доживуваат како нешто позитивно, поради нивната способност да предизвикаат лошо искуство кај други луѓе – стои во написот.
Така, ако имате некој близок што кафето го пие црно и без зрно шеќер, бидете внимателни, велат стручните лица.