Јајца на 101 начин

Потпечени јајца

Печени јајца со салама, спанаќ и пармезан.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 8 парчиња салама по избор
  • 4 јајца
  • 150 гр. спанаќ млад
  • 2 лажици пармезан рендан
  • леб потпечен
  • сол и бибер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте со масло 4 керамички мали садови за печење. Во секој сад на дното и по страните обложете со две парчиња салама. Во тенџере со зовриена вода бланширајте го спанаќот. Изцедете го и поделете го во садовите. Поделете го и пармезанот во садовите врз спанаќот. Внимателно скршете ги јајцата во секој сад. Зачинете со сол и бибер. Ставете ги садовите во плех и печете околу 16-18 минути. Послужете ги со потпечен леб.

30 ноември 2012 - 07:00