Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 8 готови земички
- 25 гр. путер
- 8 јајца
- сол и бибер
- 8 парчиња печеница, ситно сецкана
- додатоци по избор (свеж домат, зелена пиперка, рендан кашкавал, крем сирење, кромид, пинџур)
- свеж магдонос за декорација
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Растопете го путерот на слаб оган.
Отсечете го врвот на земичките.
Потоа со остар нож издлабете дупка во секоја од нив.
Растопете го путерот и со кујнска четка напачкајте ја внатрешноста на земичите.
Зачинете ги со сол и бибер.
Потоа зависно од вашите желби пригответе ги додадтоците за полнење. Исецкајте свеж домат, пиперка, многу ситно сецкан кромид, рендан кашкавал.
Во секоја од земичките распределете ја ситно сецканата печеница. Измешајте ги додатоците по желба и наполнете ги земичките ¾.
Потоа врз секоја од нив искршете по едно цело јајце. Зачинете го сол и бибер и декорирајте со свеж магдонос.
Поставете ги земичките на плех и печете ги 10 минути. Потоа покријте го плехот со алуминиумска фолија и вратете го да се допече уште 20 минути.
Послужете ги земичките веднаш. По желба можете врз нив да изрендате малку сирење или кашкавал.
Пријатен апетит!