Сезона на тиква

Печена тиква со домати

Рецепт за вксуно предјадење за љубители на тиква.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 1 мала тиква
  • 2 домати
  • 1 црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 гранче рузмарин (или една лажичка зачин)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица оцет балсамико
  • сол и бибер
  • рендан пармезан

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени.
Исчистете ја тиквата од семето. Потоа исечете ги на тенки парчиња тиквата и доматите.
Измешајте ги ив еден сад тиквата, доматите, ситно сецкан кромид, лук, маслиново масло и оцет. Зачинете ги со рузмарин, сол и бибер. Префрлете го зеленчукот во плех и печете го во загреаната рерна 40 минути.
Послужете го со ренда пармезан. На здравје!

12 октомври 2012 - 10:18