Медитерански рецепт

Медитеранска пита со туна

Пита од туна и ориз.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 225гр. сварен ориз
  • 185гр. туна од конзерва
  • 70гр. домати од конзерва (пелати)
  • 1 тиквица рендана
  • 2 лажици сецкан босилек
  • 75гр. фета сирење
  • 2 јајца изматени со вилушка
  • Зелена салата за прилог

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете округло тавче со хартија за печење. 

Измешајте ориз, туна, домати, босилек, тиквици и 2/3 од сирењето во длабок сад. Додадете ги јајцата и зачинете со бибер. Смесата префрлете ја во тавчето. ИЗрендајте го остатокот од сирењето одозгора. 

Печете ја питата 25 минути. Послужете ја веднаш.

На здравје!

14 март 2013 - 07:00