Омлети

Фритата со тиквички, грашок и сирење

Пржена зеленчукова торта со тиквици.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 6 јајца
  • 2 лажици нане ситно сецкано
  • 1 лажица маслиново масло
  • 500 гр. тиквички крупно сецкани
  • 1 парче лук ситно сецкано
  • 120 гр. грашок замрзнат
  • 150 гр. сирење рикота

Подготовка

Загрејте ја рерната на средна температура. Изматете ги јајцата со нането и зачинете со сол и бибер. Загрејте масло во тава на ниска температура. Кога ке се загрее маслото додадете ги тиквичките и лукот и пржете 10тина минути. Потоа додадете го и грашокот. Распоредете ја еднакво смесата и додадете ги јајцата. Изронете го сирењето одозгора и продолжете со готвење околу 5 минути. Ставете ја тавата во рерна и печете неколку минути додека не се потпече сирењето. Извадете ја тавата, оставете да се излади и исечете ја фритата на осминки.

24 ноември 2012 - 04:13