Супи

Супа од сладок компир

Зачинета супа од сладок компир и луто пиперче. 

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 коцка за пилешка супа
  • 1л. зовриена вода
  • 2 лажички масло
  • 1 главица кромид, поголем, ситно сецкан
  • 1 лажичка кари
  • 2 моркови, исецкани
  • 750гр. сладок компир, излупен и исецкан
  • 2 лажички сок од лимета
  • 1/2 лажичка кафеав шечер
  • 90гр. павлака
  • 1 луто пиперче, ситно сецкано
  • 1 лажица кориандер, сецкан

Подготовка

Измешајте ја коцката за супа во зовриена вода. Загрејте масло во длабока тава на среден оган. Пржете го кромидот 5 минути. Додадете кари и промешајте и пржете уште 1-2 минути. Додадете ги морковите, компирите и супата. Кога ќе зоврие супата намалете ја јачината на тивко и гответе ја 25-30 минути.

Кога ќе се свари испасирајте ја супата за да сстане кремаста. Додадете лимета, кафеав шеќер и сол и бибер по вкус.

Послужете ја веднаш во чинии со една лажица павлака и кориандер и луто пиперче. 

 

10 март 2013 - 14:32