Време на подготовка:
мин.
Време на готвење:
мин.
Вкупно време:
мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 1 пакетче инстатант тестенини за супа
- 1 коцка за супа
- 300 гр. зрна пченка
- 50 гр. шунка
- сол и бибер
- магдонос
- млад кромид (по желба)
Подготовка
Зовријте 800 мл. вода во длабоко тенџере со коцка за супа во ваш вкус. Ви предлагаме да употребите зеленчукова или пилешка. Додадете ги тестенините во зовриената супа и варете ги 5 минути.
Во друго тенџере сварете ги зрната пченка додека да омекнат. Можете да употребите замрзната пченка. Потоа исцедете ги од водата.
Исецкајте ја шунката на тенки парчиња. Исецкајте млад кромид и магдонос.
Додадете ги во супата пченката, шунката, кромид и магдонос. Зачинете со сол и бибер по вкус и гответе ја уште една минута.
Послужете ја супата веднаш.