Супи

Кремаста супа од тиква

Вкусна супа од тиква со павлака.

Време на подготовка:
25 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 700 гр. тиква измиена и со извадено семе
  • 1 кромид исецкан
  • 2 парчиња лук нелупени
  • 1 ѓумбир мал корен, излупен и исецкан
  • 2 лажици маслиново масло
  • 600 мл. супа од коцка зеленчукова
  • 3 лажици павлака

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечете ја неизлупената тиква на крупни парчиња и ставете ја во тава за печење. Додадете го кромидот, лукот, ѓумбирот, маслиновото масло и сол и бибер по желба. Печете околу 20 до 25 минути. Излупете го лукот, додадете го во блендер со останатиот зеленчук и половина од супата. Блендирајте додека не се добие кремаста смеса. Додадете ја и преостанатата супа и продолжете со блендирање. Префрлете ја супата во тенџере, додадете ја павлаката и стоплете ја на средна температура. Сервирајте ја во чинии и додадете павлака по желба.

13 декември 2012 - 19:35