Време на подготовка:
60 мин.
Време на готвење:
45 мин.
Вкупно време:
1 ч. 45 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1/2 главица зелка
- 2 парчиња целер
- 2 парчиња праз
- 2 моркови
- 2 парчиња пашканат
- 1 лажичка мајчина душица
- 1 лажица доматно пире
- 2 главици цвекло
- 450 гр. говедско
- 1 лажица масло
- 4 лажици кисела павлака
- сол
- копар
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Замотајте го цвеклото, излупено и исечено на коцки, во алуминиумска фолија и печете го во плех 1 час.
Во меѓувреме ставете го говедското месо да се вари, на среден оган, во 2 л. вода зачинета со сол. По 1 час извадете го месото од водата.
Во тенџере со 1 лажица масло пропржете ги исецканата зелка, целер, праз, моркови и пашканат. Додадете мајчина душица, 1 лажица доматно пире и 1.5 л. од водата во која се вареше говедското месо. Гответе ја чорбата на многу тивок оган половина час. Потоа додадете го месото и испеченото цвекло и гответе ја уште 15 минути.
Послужете ја чорбата со лажица кисела павлака и малку копар.