Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
10 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 180гр. чадено пилешко
- 100гр. листови марула
- 2 краставици, излупени и исецкани
- 2 страка целер, исецкани
- 250гр. чери домати, пресечени на половинки
Прелив
- 85гр. павлака
- 40мл. свеж сок од лимон
- 2 лажички сецкан рузмарин (или тарагон)
Подготовка
Исецкајте го чаденото пилешко на тенки парчиња. Марулата исецкајте ја на покрупни парчиња.
Во длабок сад измешајте го пилешкото и марулата. Додадете ги доматите, краставица и целер.
За да го подготвите преливот во мал сад измешајте павлака и сок од лимон. Додадете ситно сецкан рузмарин и промешајте за да се соединат. Зачинете го преливот со сол и бибер по вкус.
Поделете ја салатата во чинии за сервирање. Додадете од преливот и послужете ја салатата веднаш.
Пријатен апетит!