Зимница

Кисел кромид во тегли

Кисели кромидчиња за вкусна салата.

Време на подготовка:
60 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
1 ч. 30 мин.

Порции

4 тегли

Состојки

1.5 кг. кромид, мали главици
1 л. оцет бел вински
150 мл. маслиново масло
600 мл. вода
140 гр. кафеав шеќер
1 лажица сол
1 лажичка бибер во зрна
босилек свеж, 2 гранчиња
100 мл. оцет балсамико

Подготовка

Со овие намирници ќе добиете 4 тегли од по 500 мл.
Ставете го кромидот во длабок сад, потопете го со литро зовриена вода и оставете го да одстои 1 минута. Потоа изцедете го. Кога ќе е доволно оладен излупете го. Во големо тенџере додадете ги сите состојки, освен кромидот и оцетот балсамико. Оставете го сосот да зоврие, намалете ја температурата и варете околу 3 минути. Додадете го кромидот и продолжете со варење 8-10 минути. Со лажица извадете ги главиците кромид и листовите босилек и распоредете ги во 4 стерилизирани тегли подеднакво. Сосот повторно зовријте го и оставете го да врие околу 5 минути. Исклучете ја ринглата, помешајте го оцетот балсамико во течноста и распоредете ја во теглите. Затворете ги теглите и чувајте ги минимум 3 дена пред да ги употребите.
Овие кисели кромидчиња може да ги употребувате и до 3 месеци.

17 декември 2012 - 07:00