Нешто месено

Комшиска пита

Идеален рецепт за љубителите на солени пити.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
1 ч. 15 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 1 кг. брашно
  • 2 ќесички квасец
  • 3 дл. топла вода
  • 4 главици црвен кромид
  • 5-6 домати
  • сол
  • бибер
  • 10 солени сардини од конзерва
  • маслиново масло

Подготовка

За да го подготвите филот за питата во тава со малку маслиново масло пропржете го ситно исецканиот кромид. Кога ќе омекне додадете сецкани домати, малку сол и бибер.
Замесете го брашното со квасецот, топла вода и малку сол. Оставете го малку да отстои. Потоа половина од тестото развлечете го и ставете го во тепсија намчкана со малку масло. Врз тестото рамномерно распределете го филот од кромид и домати. Сардините исчистете ги од коските, исецкајте ги на парчиња и наредете ги врз филот. Потоа развлечете го остатокот од тестото и поставете го врз сардините. Врвот на погачата избоцкајте го малку со вилушка, намачкајте го со малку маслиново масло и печете го 45 минути во загреана рерна на 180 степени.

Послужете ја питата топла.

3 јули 2012 - 07:00