Необично предјадење

Шунка во желе

Едноставно, вкусно и декоративно.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • ќесичка желатин
  • 380мл. пилешка супа од коцка
  • 450гр. шунка сецкана на коцки
  • 8 корнишони, сецкани
  • 1 зелена пиперка, сецкана на ситни коцки
  • 5 лажици сецкан магдонос, свеж
  • препечени лепчиња со сенф за прилог

 

Подготовка

Сварете 380мл. супа од коцка.
Во чаша измешајте го желатинот со неколку лажици ладна вода. Кога ќе се свари супата додадете го желатинот со постојано мешање додека не се растопи. Потоа оставете ја на страна да се излади.
Во сад измешајте ги шунката, краставичките, пиперката и магдонос. Зачинете ги со сол и бибер по вкус. Поделете ја смесата во 4 садови за пудинг. Прелијте ги со супата со желатин.
Покријте ги и оставете ги во фрижидер преку ноќ.
Послужете го ова предјадење со препечени лепчиња со сенф.

8 април 2013 - 13:53