Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 1/2 лажица маслиново масло
- 1/2 лажица путер
- 1 мал кромид
- 350 гр. замрзнат грашок
- 200 гр. кремсирење
- 20 гр. ситно сецкан магдонос (или 2 лажички сув)
- 2 тврдо варени јајца
- 4 парчиња леб
Подготовка
Во тава на среден оган загрејте го маслото и путерот. Додадете ситно сецкан кромид и пропржете го 2 минути. Потоа додадете го во тавата замрзнатиот грашок, зголемете ја малку јачината на ринглата и мешајте додека да испари водата. Префрлете ја смесата од грашок и кромид во блендер и измешајте ги добро. Потоа додадете го кремсирењето, магдонос и сол и бибер по вкус. Мешајте уште малку.
На тостер испечете ги парчињата леб. Намачкајте од пирето од гргашок и кремсирење. На крај додадете тврдо варени јајца исечени на кругови.
Пријатен доручек!