Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 модри патлиџани исечени на кругови
- 3 лажици маслиново масло
- 800 гр. сварена леќа
- 110 гр. ситно сецкани домати
- 1 лажица вински оцет
- 2 главици кромид, ситно сецкан
- 120 гр. сирење издробено на ронки
- 4 лажици свеж босилек ситно сецкан
- 60 гр. сецкана рукола
- сол и бибер
Подготовка
Загрејте една лажица масло во голема тава на посилен оган. Пржете ги модрите патлиџани по 5-6 минути од секоја страна додека да омекнат.
Во длабок сад измешајте ја сварената леќа со ситно сецкан кромид и домати. Зачинете со оцет, 1 лажица масло и сол и бибер по вкус.
Во чинии за сервирање поставете по едно кругче модар патлиџан. Врз нив поделете ја половина од смесата со леќа. Потоа додадете половина од сирењето и сецкан босилек. Потоа ставете одозгора по едно кругче модар патлиџан. Поделете ги остатокот од леќа, сирење и босилек. Завршете со кругче модар патлиџан и капнете малку маслиново масло.
На здравје!