Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 60гр. бадеми
- 1 1/2 лажици масло
- 1 главица кромод, ситно сецкан
- 400гр. замрзната златна мешавина (по желба може и свежа мешавина на грашок, моркови .. )
- 300гр. ориз
- 1 лажица соја сос
- 3 лажици сецкан кориандер
Подготовка
Загрејте голема тава на среден оган. Печете ги бадемите 3 минути со мешање додека да добијат светло кафеава боја. Потоа префрлете ги на чинија и исецкајте ги.
Загрејте масло во голема длабока тава на среден оган. Пржете го кромидот 3 минути за да омекне. Додадете ја мешавината на замрзнат зеленчук. Додадете го оризот и зачинете со соја сос. Гответе ја смесата 1 минута. Додадете во тавата 2 чаши студена вода. Кога ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата и оставете го оризот да се готви 15 минути (или додека се апсорбира водата).
Додадете ги половина од бадемите и кориандерот. Измешајте и сервирајте го оризот во чинии. декорирајте со остатокот од бадеми и кориандер.