Тестенини

Тестенини со рукола

Зелен сос за тестенини.

Време на подготовка:
25 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 400гр. тестенини по желба
  • Рендан пармезан
  • Рукола за сервирање

Сос од рукола

  • 150гр. рукола
  • 3 лажици сецкан босилек
  • 35гр. рендан пармезан
  • 35гр. потпечени ореви
  • 2 лажици печени бадеми
  • 1 чешне лук
  • 125мл. маслиново масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во еден плех ставете ги оревите и бадемите и потпечете ги додека да добијат кафеава боја.
За да го приготвите сосот измешајте сецкани листови рукола, босилек, пармезан, потпечени ореви, бадеми и лук во еден сад. Смесата префрлете ја во блендер и мешајте. Додека работи блендерот постепено додавајте од маслиновото масло додека да добиете изедначена смеса. На крај зачинете со сол и бибер.
Сварете ги тестенините според упатството на ќесата во тенџере вода со малку сол на среден оган. Кога ќе се сварат процедете ги од водата.
Префрлете ги тестенините во длабок сад и прелијте ги со сост. Добро промешајте и послужете ги веднаш.
На здравје!

16 јули 2013 - 15:00