Сакате кременадли?

Свинско со карамелизиран кромид

Гурманска комбинација со кромид карамелизиран со путер и бурбон.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 свински кременадли
  • 4 лажици путер
  • 2 лажица маслиново масло
  • 2 главици кромид исецкан на кругови
  • 6 лажици бурбон
  • сол и бибер

Подготовка

Растопете го путерот во едно тенџере на тивок оган. Додадете ги парчињата кромид и пржете ги додека да добијат светло кафеава боја. Повремено промешајте ги. По околу 15 минути додадете 6 лажици бурбон и гответе го уште 3 минути.
Зачинете ги кременадлите со сол и бибер. Загрејте две лажици маслиново масло во тава на среден оган. Гответе ги кременадлите по 5-6 минути од секоја страна.
Кога ќе бидат готови тргнете ја тавата од оган, покријте ја со капак и оставете го месото да одстои 5-10 минути.
Сервирајте ги кременадлите топли, прелиени со карамелизираниот кромид.

10 август 2012 - 20:33