Сендвичи

Стек сендвич

Вкусен гурмански сендвич.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 2 лажички путер
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 кромид, исецкан на кругови
  • 2 говедски стека
  • 4 дебели парчиња леб (препорачливо 1 ден стар леб)
  • рукола
  • 2 лажици кечап

Подготовка

Загрејте го пуерот и маслото во голема тава на силен оган. Додадете го кромидот и пржете го 3-4 минути додека да добие светло кафеава боја. Потоа тргнете го на една страна од тавата.
Додадете ги стековите, зачинете ги со сол и бибер и пржете ги по 5 минути од секоја страна.
Одстранете ги од оган и оставете ги да одстојат 1 минута.
Во меѓувреме испечете ги парчињата леб на тост.
Поделете го кромидот на две парчиња леб. Додадете по едно парче стек. Најгоре додадете листови рукола и кечап. Преклопете ги со останатите две парчиња леб за да добиете сендвичи.
На здравје!

12 јули 2013 - 16:45