Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 375 гр. шпагети
- 1 лажици маслиново масло
- 4 парчиња лук ситно сецкани
- 1/4 лажичка буковец лут
- 650 гр. ракчиња изчистени
- 6 домати излупени, извадено семе и ситно сецкани
- 2 лажици магдонос ситно сецкан
Подготовка
Згответе ги шпагетите според инструкциите на пакувањето. Изцедете ги и зачувајте пола чаша од водата во која се готвеа.
Во тава загрејте масло на средна температура и додадете ги лукот и буковецот. Пржете 1-2 минути. Додадете ги ракчињата и пржете околу 5 минути или додека не се комплетно зготвени. Додадете ги доматите и водата што ја зачувавте. Гответе уште неколку минути. Зачинете со сол и бибер и додадете го магдоносот.
Сервирајте го сосот со шпагетите.