Морска храна

Панирани лигњи

Идеален летен ручек: Лигњи во домашна салса

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 голем домат
  • 1 помала зелена пиперка
  • 70 гр. црни маслинки
  • 4 лажици свеж магдонос, ситно сецкан
  • 1 лажица маслиново масло
  • масло за пржење
  • 500 гр. лигњи
  • 1 јајце
  • 1 лажица млеко
  • 150 гр. брашно
  • сол и бибер
  • ½ лажичка лук (зачин)

Подготовка

Исечете го доматот на ситни коцки. Маслинките очистете ги од семките и исецкајте ги. Во длабок сад добро измешајте ги доматот, маслинките, ситно сецкана пиперка, магдонос и една лажица маслиново масло. Зачинете со сол и бибер. Остевете ја салсата да одстои на собна температура 20 минути.

Загрејте подлабока тава со масло на рингла на среден оган.
Лигњите избришете ги со хартиена салфетка за да ја впиете влагата. Потоа исечете ги на прстени.
Во сад изматете го јајцето со една чажица млеко. Во друг сад измешајте го брашното со ½ лажичка сол, ½ лажичка бибер и ½ лажичка лук во прав. Панирајте ги лигњите во јајцето па во брашното. Пржете ги околу 2 минути во загреаното масло, по неколку парчиња одеднаш, додека да добијат златно жолта боја.
Вадете ги од маслото во сад обложен со хартиена салфетка за да се впива вишокот масло.
Сервирајте ги топлите лигњи во чинии и врз нив поделете ја салсата од домати.
Послужете ги веднаш!

3 август 2012 - 07:00