Време на подготовка:
40 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 450 гр. ориз
- 100 гр. павлака
- 200 гр. сецкан кромид
- 200 гр. кашкавал по желба
- 100 гр. пармезан
- 200 гр. сецкани зелени пиперки
- сол и бибер
- путер
Подготовка
Сварете го оризот во тенџере со 1 литар вода. Варете го додека да испари водата.
Загрејте ја рерната на 220 степени.
Во еден сад измешајте го сварениот ориз со ситно сецканин пиперки, кромид, рендан кашкавал и павлака. зачинете со сол и бибер по вкус. Намачкајте со малку путер огноотпорен тсад. Посолете на дното половина од пармезанот. Ставете го во садот оризот со зеленчук. Одозгора додадете го остатокот од пармезанот и уште малку путер. Печете го оризот 20 минути.
Послужете го веднаш. На здравје!