Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- ½ кг. макарони
- 1 зелена пиперка
- 200 гр. зелени маслинки
- 3 поголеми домати
- магдонос
- 1 чешне лук
- сол
- 2 лажици масло
- пармезан
Подготовка
Макароните гответе ги во врела вода со малку сол и една лажица масло спред упатството на ќесата.
Во меѓувреме пропржете го лукот, ситно исецкан, во тенџере со малку масло на среден оган. Потоа додадете ги ситно исецканите пиперки и магдонос. Пржете ги 2 минути па додадете ги излупените и исецкани домати. Динстајте го сосот десетина минути на среден оган па додадете ги исецканите маслинки. По 2-3 минути готвење тргнете го тенџерето од оган, додадете ги во сосот сварените макарони и добро промешајте.
Послужете ги макароните топли и по желба додадете рендан пармезан.